Британската компанијата „Џонсон Мети“, која веќе две години работи во економската зона „Бунарџик“, утре ќе ги постави темелите на својата втора фабрика за катализатори. Ова го најави завчера премиерот Никола Груевски кога потенцира дека станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Лично премиерот ќе присуствува и ќе ја фрли лопатата на камен-темелникот, а меѓу гостите ќе бидат и Лари Пенц, извршен директор во „Џонсон Мети“, амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон, и амбасадорот на САД, Пол Волерс. Груевски завчера најави и две нови странски инвестиции, но не ги посочи имињата на компаниите за кои рече дека ќе има информации кога ќе имало поконкретни работи. Најави и дека кон крајот на мај или во почетокот на јуни годинава ќе почне со работа фабриката на „Кемет електроникс“, а во тек биле и подготовки за старт на италијанската „Текнохозе“.
Британската компанијата „Џонсон Мети“, која веќе две години работи во економската зона „Бунарџик“, утре ќе ги постави темелите на својата втора фабрика за катализатори.
Ова го најави завчера премиерот Никола Груевски кога потенцира дека станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Како што се вели во вчерашното официјално соопштение на компанијата, лично премиерот ќе присуствува и ќе ја фрли лопатата на камен-темелникот, а меѓу гостите ќе бидат и Лари Пенц, извршен директор во „Џонсон Мети“, амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон, и амбасадорот на САД, Пол Волерс.
Груевски завчера најави и две нови странски инвестиции, но не ги посочи имињата на компаниите за кои рече дека ќе има информации кога ќе имало поконкретни работи. Најави и дека кон крајот на мај или во почетокот на јуни годинава ќе почне со работа фабриката на „Кемет електроникс“, а во тек биле и подготовки за старт на италијанската „Текнохозе“. Двете компании минатата година ги ставија темелите во „Бунарџик“. Ќе дошла и некоја швајцарска фабрика за производство на ветерници, најави Груевски.
Инаку, германски „Кромберг и Шуберт“, која гради фабрика во битолската индустриска зона „Жабени“, веќе почна со првите вработувања, менаџери за индустриски инженеринг и менаџери за квалитет. Како што е познато, „Кромберг и Шуберт“ во Македонија има намера да вработи до 2.500 работници. Фабриката треба да биде изградена до крајот на ноември годинава, а веќе е поставена подземната инфраструктура. Вредноста на инвестицијата на оваа компанија се проценува на околу 20 милиони евра.